Во склоп на оперативната акција „Кафе“ припадниците на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) уапси едно лице кај кое се пронајдени околу 22 килограми опојна дрога „спид“.
Портпаролот на агенцијата, Лука Миладиновиќ информираше дека е извршен претрес во областа Ново Сараево каде е пронајдена и запленета дрогата.
Дрогата е пронајдена во фрижидер.
Осомиченото лице е приведено во станица за понатамошно испитување, а во законскиот рок ќе биде предадено во надлежност на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, велат од полицијата.