Регион 21. февруари 2021. / 10:19

Во Сараево предупредување поради енормно зголемен број новозаразени со Ковид-19

Во Сараево предупредување поради енормно зголемен број новозаразени со Ковид-19

Директорот на Службата за итна медицинска помош во Сараево, Адем Залихиќ, ги предупреди граѓаните за огромен скок на бројот на новоинфицирани со Ковид-19.

Тој на „Фејсбук“ објави дека епидемиолошката состојба во Сараевскиот кантон се влошува и дека потврда за тоа е огромниот скок на бројот на новоинфицирани во изминатите 24 часа, што изнесува 246.

„Апелирам на свеста и совеста на сите граѓани да бидат одговорни во спроведувањето на пропишаните мерки, првенствено заштитната маска, дистанца и масовните собири, особено во затворен простор“, истакна Залихиќ.