Регион 03. септември 2020. / 19:40

Во САД на Вучиќ на маса ставен му е документ за признавање на Косово

Во САД на Вучиќ на маса ставен му е документ за признавање на Косово

Во Вашингтон денес под покровителство на американската администрација треба да започнат разговорите помеѓу Белград и Приштина.

Од кабинетот на Вучиќ беше соопштено дека српскиот претседател во Вашингтон „ќе учествува во разговори за економска соработка помеѓу Белград и Приштина кои ги организира Белата куќа“. Од друга страна, Вучиќ кон крајот на минатата седмица нагласи дека во понудената агенда има една точка која е „неприфатлива“.

Не е прецизирано за што станува збор, но според пишувањето на српските медиуми, се чини дека тоа е веќе откриено. Имено, белградските медиуми пренесуваат дека Вучиќ добил документ според кој Србија треба да го признае независно Косово.

Сè е подготвено однапред, Албанците знаеја за сè, ги пренесува „Блиц“ зборовите на својот извор од дипломатските кругови.

Српскиот министер за финансии, Синиша Мали ја потврди информацијата и порача дека „никогаш немало полош документ“. Според него, од 16-те точки, на 10-то место се наоѓа и меѓусебното признавање, а дека на претседателот Вучиќ се врши огромен притисок.