Според него, тоа треба да биде направено, „за да може компаниите да имаат иднина“.
Министерот прецизира дека државата има согласност од Меѓународниот монетарен фонд и од Европската комисија да го примени тој механизам, како и дека потоа ќе следи реструктуирање на тие компании по модели од приватниот сектор.
За приватните компании и физички лицата со обврски со камати и казни, министерот рече дека треба да се воспостави механизам налик на тој за државните фирми. Тој додаде дека механизмот за даночна амнестија воведен во 2015 година проработел и донел повеќе средства во државниот буџет.