Регион

Во Романија досега починаа над 20 лица oд Западнонилска треска

Во Романија досега починаа над 20 лица oд Западнонилска треска

Романските здравствени власти соопштија дека за само неколку недели починале четири лица од вирусот западен нил.

Со тоа вкупниот број починати достигна бројка од 21 лице.

Националниот институт за јавно здравје соопшти дека се регистрирани 30 нови случаи на заболени од овој вирус.

Министерството за здравје ги повика локалните власти да преземат мерки за да спречат ширење на треската додавајќи дека бројот на заболени ќе се намали со заладувањето.

Тие истовремено ги советуваа граѓаните да преземат превентивни мерки, како средства против комарци, долги ракави и мрежи на прозорците.