Регион 06. јули 2018. / 17:49

Во Романија 50% од работниците со минимални плати

Во Романија 50% од работниците со минимални плати

Околу 46 отсто од вработените во Романија им се исплаќа минималната плата, додека оние кои заработуваат повеќе од 700 евра (бруто) претставуваат само 16 отсто од вкупниот број вработени, покажува една студија.

Минималната бруто плата моментално изнесува 1.900  леи или 408 евра.

Романија заедно со Бугарија е членка на ЕУ од 1 јануари 2017 година.

Двете земји не се дел од еврозоната.

Друг загрижувачки тренд е намалувањето на уделот на специјализиран персонал, имено меѓу вработените под 30 години, чеството на неквалификуваните работници е двојно поголем во споредба со специјализираниот персонал.

Новите генерации на вработени имаат пониско ниво на квалификација од оние што претходно, а некои индустрии имаат потешкотии да најдат квалификувани работници за работните места, кои сега се окупирани главно од работници над 50 години.