Полициската управа во Зворник соопшти дека во близина на Братунац не се урна хеликоптер, туку се случило оштетување на далновод.
Локалните жители на Братунац денеска пријавиле дека околу 12 часот и 30 минути се урнал хеликоптер на непристапен терен.
– По пријавата, полицијата во соработка со другите служби беа ангажирани да го прегледаат теренот, при што е утврдено дека не се уранл хеликоптер, туку бил оштетен далновод, изјави портпаролот на Полициската управа во Зворник, Миљан Бобар.
Тој додаде дека поради одредени звучно-светлосни елементи жителите се посомневале дека се урна хеликоптер.
– Хеликоптер го надлетуваше подрачјето во моментот кога се случи празнењето на далноводот и луѓето помислија дека се урнал, изјави командирот на пожарникарската единица во Братунац, Љупко Илиќ.