Од утрото на 26 ноември кога во Албанија беше регистриран катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала до денеска регистрирани се 1.300 помали земјотреси во Драч и другите делови на земјата, изјави албанскиот сеизмолог, Рапо Ормени.
Тој додаде дека тоа е нормален процес потребен за ослободување на енергија по главниот потрес.
– Луѓето треба да се навикнат на земјотреси затоа што не доживеале толку силен земјотрес, како оној што ја погоди земјата на 26 ноември, во последните 40 години – рече Ормени.
Според него треба да се земе предвид дека трите денешни попладневни потреси се со интензитет над пет степени според Рихтеровата скала, 25 над четири степени и 130 земјотреси над три степени регистрирани од апаратите, останатте се со јачина од три и под три степени.
– Нормално е енергијата да се ослободува од сеизмичката зона. Потребно е ослободување на енергија и потреси. Нема причина луѓето да паничат – изјави Ормени.
Тој посочи дека последователните земјотреси не предизвикале никаква штета.