Потполковник на војската на Црна Гора, Емин Хусовиќ пукал денеска во службените простории на Министерството за одбрана, соопштија од тој ресор, со напомена дека повредени нема, ниту пак е причинета материјална штета.
Министерството не објаснило дали Хусовиќ пукал не сакајќи или намерно.
Како што пренесуваат локалните медиуми, потполковникот на војската пукал после кавга која избила заради работа.
Полицијата дошла на лице место и извршила увид.