Регион 24. декември 2019. / 15:02

Во мигрантски центар во БиХ пронајдени мини и тромблони

Во мигрантски центар во БиХ пронајдени мини и тромблони

Во резервоар за вода, што се наоѓа во мигрантскиот центар во Блажуј во БиХ, се пронајдени експлозивни средства – мини и тромблони.

Портпаролката на Федералната управа за цивилна заштита Мајда Ковач изјави дека во Центарот бил испратен тим за отстранување експлозивни средства, кој утврдил дека во резервоарот се наоѓаат мини и други експлозивни средства, но поради количината на водата не можеле да утврдат за колкаво количество станува збор, јави саравескиот портал „Кликс“.

– Сега ќе ја испумпаат водата и ќе утврдат колку експлозивни средства има и на кој начин ќе ги отстранат. Специјален тим работи на отстранување, согласно стандардните оперативни процедури – појасни Ковач.

Во Блажуј се наоѓаат повеќе од 300 мигранти. Босанските медиуми посочуваат дека објектот е во лоша состојба и оти не бил подготвен за прифаќање луѓе, но и дека во тек се градежни работи кои треба да овозможат похумани услови за мигрантите.