Регион 17. декември 2019. / 14:00

Забрана за петарди во Косово за новогодишните празници поради загадување на воздухот

Забрана за петарди во Косово за новогодишните празници поради загадување на воздухот

Косовското Министерсство за заштита на животната средина побарало од општинските власти да забранат употреба на петарди и пиротехнички средства за време на новогодишните празници, јави РТК.

Министерството нагласува дека причина за тоа барање е заштита од загадување на воздухот и последиците од користењето пиротехнички средства за здравјето на луѓето и животната средина.

Министерството испратило писма до градоначалниците на сите општини во кое бара забрана за петарди и пиротехнички средства на јавни места за време на новогодишните празници.