Регион 26. февруари 2020. / 21:25

Во Косово нема заразени со коронавирус

Во Косово нема заразени со коронавирус

Националниот институт за јавно здравство на Косово објави вечерва дека ниту едно лице кое досега било хоспитализирано под сомнение дека е носител на коронавирусот не е заразено од тој смртоносен вирус.

Институтот по пат на соопштение за јавноста објави дека е информиран оти во текот на денешниот ден на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се примени шест лица за кои имало сомневања дека се заразени со коронавирусот и кај сите нив анализите резултирале негативни.

Од 8 февруари до денеска, се вели во соопштението, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија, со соодветни методи, се тестирани вкупно 17 сомнителни примероци за вирусот Ковид-19 и сите резултираа негативни.