Во Истанбул, петнаесет лица починале, а 60 се префрлени на интензивна нега од труење со лажен алкохол, пренесува „Хуриет“.
Според податоци на турското издание, мигранти од Туркеминистан купиле алкохол произведен во домашни услови. Некои од нив само се мачкале со алкохолот, со цел за „превенција од зараза од вируси“, а други меѓутоа го пиеле.
Полицијата спроведе операција во неколку четврти на мегалополисот и притвори 7 лица.
Неколку од затруените примени во болница заради труењето со алкохол, изјавиле дека го пиеле за да се заштитат од корона вирусот.