Регион 07. мај 2020. / 19:15

Две лица загинаа при пад на воен авион во Хрватска

Две лица загинаа при пад на воен авион во Хрватска

Околу 16 часот во Хрватска, во близина на Задар, се урна авион пилатус. Порталот Индекс неофицијално дознава дека во инцидентот загинале две лица.

Хрватското Министерство за одбрана потврди дека попладнево се урнал воен авион за обука, во кој биле дваца припадници на Хрватското воено воздухопловство. Од таму посочуваат дека станувало збор за редовен лет за обука.

На местото на настанот се упатени сите надлежни служби.