Регион 03. јануари 2020. / 11:07

Во Хрватска прв смртен случај поради грип

Во Хрватска прв смртен случај поради грип

Едно лице починало како последица на грип во Хрватска, каде што официјално се регистрирани 878 пациенти со грип, соопшти хрватскиот Институт за јавно здравје.

Смртниот случај е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Врвот на сезоната на грип се очекува на крајот на овој и следниот месец, јавија хрватски медиуми.

Пријавени се уште четири смртни случаи во Институтот за јавно здравје, но се уште не се потврдени дека се предизвикани од грип. На Клиниката за инфективни болести во Загреб, хоспитализирани се 20 пациенти со симптоми на грип.