Регион 14. февруари 2019. / 09:50

Во Хрватска починале 75 луѓе од грип

Во Хрватска починале 75 луѓе од грип

Хрватскиот институт за јавно здравје соопшти дека се намалува бројот на болни од грип, од кој досега официјално заболеле 48.080, a 75 луѓе починале.

Оваа сезона на грип е многу поинтензивна во однос на бројот на заболените во споредба со претходните пет сезони, вклучувајќи и поголем број хоспитализирани луѓе и повеќе смртни случаи поради компликации кои ги предизвикала болеста.

Се проценува дека во Хрватска годишно од грип умираат околу 500 луѓе, од кои само мал број се официјално пријавени.