Регион 24. јануари 2019. / 10:22

Во Хрватска починаа од грип две лица

Во Хрватска починаа од грип две лица

Две лица починаа во загрепската болница во средата како последица на грип, потврди директорката на Клиниката за инфективни болести во Загреб, Алемка Маркотиќ, а пренесоа хрватските медиуми.

Маркотиќ рече дека двете лица починале како последица на тежок грип и пневмонија.

-Ситуацијата е како во последните денови, откако неколку пациенти ќе се исклучат од апарати, од цела Хрватска доаѓаат нови. Има голем притисок, поголем број луѓе се во лоша состојба отколку вообичаено-рекла Маркотиќ за „Индекс.хр“.