Регион 28. август 2020. / 15:43

Во Хрватска нови кластери од свадба и роденден

Во Хрватска нови кластери од свадба и роденден

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 357 нови случаи на коронавирус, а тројца пациенти починале.

Активни се 2.560 случаи. Во самоизолација се 8.770 лица.

Најголем број од новозаболените се од Сплитско-далматинската жупанија, Загреб и Задар. Една свадба и еден роденден се новите жаришта, како и повратници од аџилак во Меѓугорје. Од матурска екскурзија во Дубровник заболени се двајца матуранти.

Од почетокот на епидемијата досега заболеле 623 здравствени работници.