Регион 26. јуни 2020. / 16:00

Во Хрватска нови 56 заразени од Ковид-19, најголемо жариште е Загреб

Во Хрватска нови 56 заразени од Ковид-19, најголемо жариште е Загреб

Во Хрватска во последните 24 часа се евидентирани нови 56 заболени од корона вирус, со што вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата се искачи на 2.539.

Мегу новозаразените, 23 се од главниот град, Загреб.

Овие бројки доаѓаат од направени тестови на 780 лица.

Како што соопштија од Националниот штаб за цивилна заштита, на болничко лекување е 51 пациент.