Регион 30. јануари 2021. / 11:38

Во Хрватска над 500 новозаразени и 26 починати од ковид-19

Во Хрватска над 500 новозаразени и 26 починати од ковид-19

Во Хрватска потврдени се 551 нов случај на вирус корона во последните 24 часа, а 26 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Од последниот пресек, тестирани се 5.195 примероци. Во моментов има 3.075 активни случаи во таа земја.

На болничко лекување има 1.249 пациенти, од кои 113 се на респиратор, пренесува Индекс.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се заразени 232.090 лица, а починале 4.998 лица.