Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 34 новозаразени со корона вирус, а починаа четири пациенти.
Како што соопшти Националниот штаб за цивилна заштита, со ова бројот на активни случаи се искачи на 703.
На болничко лекување се 130 пациенти, од кои шест на респиратор.
Од почетокот на епидемијата се регистрирани 5.294 лица заразени со корона вирус, од кои 153 починаа, а 4.438 оздравеа.
Во самоизолација во моментов се 2.520 лица.
До денеска тестирани се 122.083 лица, од кои 763 во последните 24 часа.