Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.543 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 42 лица починале, што е втор ден по ред со најмногу смртни случаи од почетокот на епидемијата, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 15.678, а меѓу нив хоспитализирани се 1.396 пациенти, од кои 145 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата, вкупно 67.247 лица биле заразени со новиот коронавирус, од кои 794 починале. Вкупно се опоравиле 50.775 луѓе, од кои 2.365 во последните 24 часа.
Во моментов има 31.427 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 559.016 лица, од кои 8.787 во последните 24 часа.