Регион 20. јули 2020. / 15:36

Во Хрватска 25 новозаразени и два смртни случаи

Во Хрватска 25 новозаразени и два смртни случаи

Во Хрватска, потврдени се 25 нови случаи на заболени од коронавирус, за  48 часа, што значи дека во моментов има 1.150 активни случаи, а две лица починале, објави денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Има 57 помалку активни случаи од вчера, рече министерот за здравство, Вили Берос, на прес-конференцијата.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 4.370 лица заразени со Ковид-19.

Во Хрватска 122 лица починале од коронавирусот од почетокот на епидемијата.