Регион 05. ноември 2019. / 14:48

Во Грција вчера регистрирани над 8.300 молњи

Во Грција вчера регистрирани над 8.300 молњи

Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 20 часот синоќа, специјалниот систем на Грчката национална опсерваторија регистрирал речиси 8.350 молњи, јави дописничката на МИА од Атина.

Молњите беа проследени со силни и обилни врнежи од дожд, особено во западна и централна Грција, како и на Пелопонез.