Регион 22. мај 2020. / 10:26

(ВИДЕО) Во џамија наместо повик за молитва ечеше „Бела чао“

(ВИДЕО) Во џамија наместо повик за молитва ечеше „Бела чао“

Турските власти отвориле истрага откако во Измир е хакиран системот за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии е пуштена италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.

Наместо повикот за молитва, кој се емитува пет пати во денот, во средата ечеше „Бела чао“, а снимката е објавена и на социјалните мрежи.