Регион 29. ноември 2018. / 17:39

Дубровник: Авион слета меѓу камиони

Дубровник: Авион слета меѓу камиони

Авион кој летал на релација Риека-Сплит-Дубровник слета на затворен дел на пистата на аеродромот во Дубровник, меѓу камиони и градежна механизација, објави порталот Индекс.хр

Станува збор за авион во сопственост на „ВанЕр Еуропа“ во кој имало седум патници и тројца членови на екипажот. На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи и медицинска помош.

Авионот останал на местото каде што слетал десетина минути, по што бил паркиран на  писта каде што се симнале патниците. Еден од патниците рекол дека не биле известени за инцидентот и дека екипажот им рекол дека слетале порано и дека затоа авионот стои на писта.