За 11 години, од 2008 до 2019 година, во Црна Гора се издадени вкупно 643.479 пасоши, или околу 20 000 повеќе од вкупното население од 620.000, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи, по повод една деценија визна либерализација.
– Веројатно проблемот е во статистиката, бидејќи разликата од 20.000 е многу голема. Можеби проблем е бројот на луѓе кои живеат надвор од Црна Гора а имаат црногорски пасош, онаму каде можат да имаат две патни исправи. Мислам на црногорската дијаспора, луѓе кои не се регистрирани во матичната земја туку во онаа каде живеат, работат и плаќаат даноци – изјави професорот по социологија Срѓан Вукадиновиќ за „Новости“.
Вукадиновиќ додава дека проблемот може да е и во пописот на населението, затоа што според статистичките податоци во Црна Гора има повеќе граѓани од домаќинства.