Верниците во Црна Гора од понеделник, 11 мај, ќе можe да посетуваат верски објекти под одредени услови..
Како што соопшти Националното координативно тело за заразни болести, наведувајќи ги условите под кои може да се вршат верски обреди, во верскиот објект ќе може да престојува едно лице на 10 квадратни метри, а максимум 20 лица надвор од зградата. Задолжителното физичко растојание треба да биде најмалку два метра.
Информациите за максималниот број на луѓе мора да бидат објавени на влезот во верскиот објект. Сите, освен свештеникот, ќе мора да носат маски за време на церемонијата. Дезинфекцијата на рацете е задолжителна на влезот и излезот од објектот.
Националното координативно тело истакнува дека забраната за собири е сè уште во сила.