Регион 05. мај 2020. / 13:10

Во Црна Гора евидентиран само еден нов случај на Ковид-19

Во Црна Гора евидентиран само еден  нов случај на Ковид-19

Според утринските податоци, во Црна Гора е потврден еден нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени лица изнесува 324.

Од 255 направени тестови, потврден е еден позитивен случај на новиот коронавирус, а станува збор за лице кое било сместено во државен карантин по пристигнување од странство.

Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора излекувани се 253 лица, осум се починати, а 1.320 се под надзор, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје на Црна Гора