Регион 16. јули 2020. / 22:15

Во Црна Гора едно лице почина, 60 новозаразени од Ковид-19

Во Црна Гора едно лице почина, 60 новозаразени од Ковид-19

Во Црна Гора се регистрирани 60 нови случаи на заболување од КОВИД-19, така што вкупниот број на пациенти е 1.582, вклучувајќи ги и оние кои се опоравиле и починале, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Вкупниот број на спроведени PCR-тестови во Црна Гора, вклучително и анализи спроведени во Германија, е 28.219.

Денес е забележан еден смртен случај кај пациент со КОВИД-19 во Општата болница во Беране, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 17.

Најголем број нови случаи на инфекција се во Подгорица 24, Никшиќ 12 и Тиват 6.

Меѓу моментално активните случаи во Црна Гора, најголем број случаи има во Подгорица 619, Рожаје 223 и Бјело Поље 156.