Регион 29. март 2020. / 22:23

Во Бугарија 346 лица се заразени со коронавирус, од кои над 200 се од Софија

Во Бугарија 346 лица се заразени со коронавирус, од кои над 200 се од Софија

Во Бугарија денеска се регистритани нови 8 нови случаи на заразени со коронавирус, од кои сите се од Софија.

Бројот на заразени лица во главниот град изнесува 214, а вкупниот број заразени лица е 346.

Од сите 346 случаи, 125 се хоспитализирани, а 13 се во одделот за интензивна нега, изјави претседателот на кризниот штаб во земјата, Венцислав Мутафчииски, пренесе „БГНЕС“.

Досега во Бугарија починаа 8 лица, а нивната просечна возраст е 66 години.

17 од заболените се медицински персонал. Помеѓу денешните случаи, има заболено 6 медицински лица од Софија.

Поради топлото време, поголем број жители на Софија ги игнорираа мерките и денеска прошетаа низ парковите во градот, пишува бугарската новинска агенција.