Регион 31. мај 2018. / 22:22

Во Босна паѓаше ,,крвав дожд” (ФОТО)

Во Босна паѓаше ,,крвав дожд” (ФОТО)

Од управата за хидрометеоролошкиот завод на Хрватска беше најавено дека Балканот ќе го погоди „крвав дожд“

Овој редок феномен ја погоди Босна и Херцеговина, поточно местото Мокро, кај Пала.

Се работи за дожд кој остава кафени или жолти траги на површината, а позната е како „крвав“ или „обоен“ дожд.

Настанува само во одредени синоптичарски ситуации, а најчесто поради песокот од Северна Африка, односно од подрачјети на Сахара, па дождот кој паѓа во него содржи песок од Сахара.

Иако таквата појава е ретка кај нас, сепак не е штетна и нема потреба за издавање на посебна метеоролошко предупредување.