Регион 29. јули 2020. / 13:25

Во БиХ за еден ден рекорден број на новозаразени со Ковид-19

Во БиХ за еден ден рекорден број на новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина, тестирани биле 1.669 примероци и се потврдиле 363 нови случаеви на корона вирус. Исто така биле пријавени 8 смртни случаеви и 212 оздравени лица, пренесува N1.

Од почетокот на пандемијата тестирани биле 135.730 лица, а корона вирусот бил потврден во 11.109 случаеви. Вкупно 314 лица починале , а оздравиле 5.423. Бројот на активни случаеви е 5.327.