Голем судир на мигранти имало во босанскиот град Бихаќ, при што се користече секири и летви. Локалните жители успеале да спречат инцидентот да ескалира и да предизвика трагедија.
Полицијата на кантонот потврди дека се случил инцидент во населбата Луке во кој едно лице добило полесни повреди.Во тепачката се користени секири и летви, а жителите на населбата Луке успеале да го прекинат судирот.
И вчера се случил судир на мигранти во Бихаќ по кој полицајците нашле едно лице со тешки телесни повреди.