Регион 22. ноември 2019. / 09:35

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе од загадување на воздухот

Во БиХ годишно умираат 5.000 луѓе од загадување на воздухот

Во Босна и Херцеговина годишно умираат 5.000 луѓе поради загадување на воздухот, покажуваат податоците објавени во најновиот извештај „Загадување на воздухот и здравјето на луѓето: Случајот на Западен Балкан“.

Одделот за животна средина на ОН заклучи дека жителите на Западен Балкан во просек губат 1,3 години од својот живот поради загадување затоа што честичките од прав и чад се поврзани со кардиоваскуларни заболувања, што е петпати почесто од просекот.

Тие алармантни и предупредувачки податоци во БиХ се вести само за еден ден или два дена, јавуваат сараевски медиуми. Надлежните институции не ја вршат својата работа и се е оставено на статистиката.

Во Зеница, Лукавац и Тузла не е важно кое годишно време е, таму загадувањето на воздухот е постојано.  Тоа е последица на индустријата во тие градови. Во Зеница лани, наместо дозволените три дена, евидентирано е надминување на дозволените концентрации на сулфур диоксид во 124 денови наместо дозволените 3, а во 252 дена – пред пет години, нагласуваат сараевски медиуми.