Дали ова лето ќе биде урнат рекордот на Демир Капија каде што е измерена највисоката температура во поново време во екс-југословенските земји?
Во 2007-ма во клисурата на 24 јули е измерена рекордна „жештина“ од 45,7 степени целзиусови и од тогаш никаде во поранешните шест југословенски републики не е евидентирана повисока температура, објави Ал Џезира.
Сепак рекордот засега недостижен го држи Мостар во БИХ со 46,2 степени измерени во далечната 1901 година на 31 јули.
Во Србија најтопло било во Смедеревска Паланка (44,9 С.), на истиот ден како и во Демир Капија на 24 јули 2007. Понатаму следуваат Подгорица, Црна Гора (44,8 С., 24 август 2007), Плоче, Хрватска (42,8 С., 2 август 1981), и Церкље об Крки, Словенија (40,8 С., 8 август 2013).