Во Босна и Херцеговина изминатите 24 часа направени се 4.402 теста од кои 442 биле позитивни на коронавирусот. Како последица од овој вирус починале 15 пациенти.
Нови случаји на инфицирани лица од коронавирусот регистирани се во сите жупании во БиХ.
Од почетокот на пандемијата до сега се тестирани 367.111 лица, а вирусот е потврден кај 75.067 пациенти.
Со денешнит ден во Федерацијата во БиХ излекувани од овој вирус има 56.281 лице. Во последните 24 часа излекувани се 379 пациенти. Активни случаи остануваат 16.468.