Регион 23. јуни 2018. / 15:59

Во Белград се одржа Парада на гордоста

Во Белград се одржа Парада на гордоста

Учесниците парадираа од Пионерскиот до Студентскиот парк во градот. Тие побараа да биде донесен закон за истополови партнерства, трансродовите лица да бидат правно видливи и подобра превенција и лекување на заболените од ХИВ.

Учесниците на парадата носеа транспаренти со натписи: „Тоа што го гледаш не е тоа што го пишува“, „Нулта толеранција за насилството“ и „Превенција на злосторствата од омраза“.

Еден од учесниците на парадата рекол дека денешниот собир го смета за протест, а не за улична забава затоа што нема многу работи да се прослават.

„Од 2010 година немаме ниту еден закон за ЛГБТ популацијата, а измените на законот за матичните книги на трансродовите лица им донесе нешто што веќе го имаа“, рекол тој и додал дека трансродовите лица и понатаму се правно невидливи, а дека правото за промена на полот во матичните книги по хируршка интервенција го имале и претходно.

Една од организаторките на парадата Хелена Вуковиќ рекла дека овогодишниот слоган „Матичарка, нормално“ е избран затоа што човекот цел живот има работа со матичните служби – од раѓање, преку венчавка и промена на полото, па сè до смртта.