Регион 11. март 2020. / 11:36

Во Белград илјадници луѓе чекаат за тест за коронавирус

Во Белград илјадници луѓе чекаат за тест за коронавирус

Најмалку илјада луѓе утрото се појавиле пред белградската Воено-медицинска академија (ВМА) исплашени дека можеби се заразени од коронавирусот, објавија српските медиуми.

Пациентите трпеливо и уредно чекаат пред влезот на болницата за да им биде земен брис. Во Србија досега се потврдени 12 случаи на коронавирус.