Албанската полиција заплени над половина тон дрога од типот канабис сативас. Албанското МВР сопшти дека дрогата е заплената денеска во едно возило во близина на градот Рогожина.
Локалната полиција од Каваја информираше дека покрај запленувањето на 562 килограми дрога произведена во Албанија, во акцијата се уапсени и двајца албански државјани.Од почетокот на оваа година полицијата заплени повеќе тони дрога, а големи количини дрога произведена во Албанија запленети се и од страна на италијанската и грчката полиција.