Регион 15. јули 2020. / 09:52

Албанија воведува задолжително носење маска во затворени простории

Албанија воведува задолжително носење маска во затворени простории

Носењето заштитни маски и во затворени простории Во Албанија станува задолжително.

Како што соопшти министерката за здравство Огерта Манастирлиу, при посетата на Здравствен дом во Тирана, ќе бидат казнети сите оние кои нема да носат заштитна маска.

Со одлука на Техничкиот комитет на експерти, онака како што тоа го направивме во јавниот превоз или активности со висок ризик, сега ќе бидат задолжителни за сите во затворен простор. Ќе биде една поголема одговорност на сите граѓани, да носат заштитни маски насекаде во затворено. Сите оние лица кои нема го почитуваат тоа ќе бидат казнети. Здравјето нема цена – посочи Манастирлиу.

Манастирлиу ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во земјата нема доволно тестови.

Има доволно тестови и епидемолошката состојба се следи внимтелно.Апелирам до граѓаните да бидат посовесни во потувањето на препораките – изјави Манастирлиу.

Албанија има капацитет за правење до 500 тестови дневно. Засега не се дозволува тестови да се прават во приватни клиники, а најавено е отворање нова лабораторија со над илјада тестови дневно.

Послениот месец во Албанија секојдневно се регистрираат висики двоцифрени бројки поради што дел од епидемиолозите бараат враќање на полицискиот час за викенд.