Учебната година во Албанија ќе заврши без можност учениците и студентите да се вратат во училишните простории. Информацијата вечерва ја соопшти министерката за образование Беса Шахини преку онлајн комуникација.
-Како што ви ветив, би сакала да ве информирам за одлуката што ја донесовме, за крајот на учебната година. Училиштата и универзитетите во Албанија, кои беа затворени на деветти март, ќе останат затворени поради ситуацијата предизвикана од глобалната пандемија, Ковид-19. Повторно ќе се отворат во септември, изјави Шахини.
Таа додаде дека училиштата ќе се отворат само за матурантите и тоа од 28 мај до петти јуни.
-Одлучивме да ги отвориме училишта за матурантите и тоа од 18 мај до 5 јуни за полагање на предметите од државната матура,со почитување на социјална дистанца. Во училниците ќе се дозволува присуство на 10-12 до максимум 15 ученици. За таа цел ќе користиме и објекти на основни училишта, рече министерката Шахини.
Посочи дека наставата од далечина за сите учениците од деветолетките и трите години на средните училишта, ќе продолжи до 29 мај кога и завршува учебната година или две недели порано од вообичаено.