Регион 04. ноември 2018. / 16:15

Во Албанија се измерени рекордни 31.8 °C.

Во Албанија се измерени рекордни 31.8 °C.

Во текот на изминатите денови како што беше најавено, територијата на Балканскиот Полуостров, особено јужниот дел на истиот беше зафатен од невообичаено топла воздушна маса која продираше од северните предели на Африка и истата услови екстремно високи температури на воздухот.

Во текот на вчерашниот ден најтопло беше во соседна Албанија и тоа во градот Берат каде се измерени рекордни 31.8 °C.

Невообичаениот топол бран не ја одмина ниту Македонија каде се измерени дури 29 °C во Гевгелија. Во текот на следните денови иако температурите на воздухот ќе бидат нешто пониски, сепак и натаму ќе бидат над просекот за овој дел од годината.