Регион 29. април 2020. / 12:47

Во Албанија потврдени 16 нови заразени од корона вирус

Во Албанија потврдени 16 нови заразени од корона вирус

Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 16 позитивни од вкупно тестирани 270 сомнителни случаи на корона вирус. Со тоа бројот на вкупно заразените од Ковид-19 во земајта се зголеми на 766 луѓе.

Од ново заразените девет се од Тирана, пет од Круја додека по еден е од Скадар и Берат.

Во исто време во списокот на излекувани се внесени уште 24 пациенти или вкупно 455 од вкупно заболените. Од 281 активен пациент на коронавирусот болнички се третираат само 10 отсто, додека останатите се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови. За жал и покрај напорите на лекарите битката со опасниот вирус до сега ја загубија 30 пациенти, кои боледуваа и од други болести -информира Еугена Томини, од Инситутот за јавно здравје.

Во Инфективната клиника и во болницата„Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 30 пациенти, од кои осум се на интензивна терапија. Двајца од нив се во тешка состојба.

Меѓу 27 пациенти во Инфективната клиника тројца се албански војници на КФОР кои пристигнале од Косово.