Регион 17. февруари 2021. / 22:28

Во Албанија почна вакцинирањето на старите лица во домовите

Во Албанија почна вакцинирањето на старите лица во домовите

Во Албанија во тек е вакцинацијата и на лицата сместени во старечките домови, што вчера почна со вакцинирањето во установата од ваков вид во Скадар.

Денеска почна вакцинацијата на старите лица во домовите во Тирана, чиј тек од блиску го следеа премиерот Еди Рама и минстерката за здравство Огерта Манастирлу.

-Вчера почнавме со вакцинација во домот во Скадар и од денеска продолжуваме низ цела држава. Вкупно има околу 700 стари лица во сите домови. Останатите се вработени. Значи околу 1.000 стари лица и персонал кои ќе бидат вакцинирани, рече Манастирлиу.

Таа најави дека ќе се продолжи со имунизација на лицата постари од 80 години, а потоа, со пристигнување на новата количина на вакцини од Фајзер (околу 30.000) до крајот на месецов и целата популација.

На Рама и Манастирлиу лицата од трета доба во домовите кои во моментот на нивната посета примија вакцина им се заблагодарија за вниманието и грижата.

-И благадариме на државата што се грижи и за нас лицата од третата доба, рече еден од жителите на домот во Тирана.

Ова е втора категорија, која во Албанија се опфаќа со вакцинација, по персоналот во четирите ковид болници во Тирана, од вчера и оние во регионалната болница во Скадар а утре почнува во Валона.