Од 9 март, кога беше регистриран првиот случај со Ковид-19 во Албанија, од вирусот се заразени 48 здравствени работници, лекари и медицински техничари.
Од синоќа во карантин се 10 здравствени работници, пет лекари и исто толку медицински техничари од персоналот на Клиниката за трауматологија во Тирана. Ќе бидат тестирани по пет дена – соопшти Министертвото за здравство и социјална заштита.
Тие имале контакт со лице повредено во сообраќајна несреќа што се случила во градот Драч пред три дена, а за кое во меѓувреме било потврдено дека е позитивно на Ковид-19.
Пациентот веднаш бил префрлен во Инфективната клиника и моментно е во стабилна здравствена состојба.
Споре последно соопштените податоци, во земјата дијагностицирани со Ковид-19 се 446 лица, од нив 16
деца.