Српското Министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека нејзините припадници, по налог на Обвинителството за организиран криминал, пронашле нелегална лабораторија за производство на марихуана во близина на земјоделски пазар во близина на Стара Пазова.
Запленети се 649,4 килограми сушена марихуана и 65.581 стебла во суровата состојба со вкупна тежина од 3.954 килограми, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Под сомнение за сторено кривично дело за недозволено производство на наркотични дроги, уапсен е П.К. сопственик на фармата, одговорното лице на компанијата Јовањица.
Тој е осомничен дека е водач на организирана криминална група вклучена во одгледување марихуана.
Поради истото кривично дело, како членови на групата, вработени во компанијата Јовањица уапсени се уште осум лица.