Грчките медиуми објавуваат дека веќе се испратен и нови насоки со предвидените казни за пушење цигари во автомобили.
Според „То Вима“, доколку во возилото, без разлика дали е јавно или приватно има дете до 12 години, тогаш забрането е пушењето цигари, а казните во случај на прекршување се 1500 евра за пушачот без разлика дали е возач или совозач. Забраната за пушење на јавни места се однесува и на електронските цигари.
Со парична казна од 1500 евра и одземање на возачката дозвола за еден месец може да се соочат таксистите, возачите на автобуси и возачите на секаков вид јавни возила во Грција доколку пушат додека возат, според нови прописи од грчкото Министерство за здравство, објавени од грчките медиуми.