Регион 21. април 2020. / 17:15

Владата во Албанија бара вонредната состојба да продолжи до 23 јуни

Владата во Албанија бара вонредната состојба да продолжи до 23 јуни

Албанската Влада му достави на Парламентот предлог-одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата до 23 јуни.

Тоа значи дека и понатаму во сила ќе бидат преземените мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Владата ја прогласи вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на земјата, на 24 март и тоа за период од 30 дена, што значи до 25 април.

Меѓуминистерскиот комитет за граѓански вонредни состојби и сите државни и јавни институции се должни доследно да ја спроведуваат оваа одлука која стапува во сила веднаш по изгласувањето од Парламентиот и објавувањето во Службен весник.

Инаку, иако со бавно темпо, билансот на заразените од „Ковид-19“ во Албанија се зголемува. Денешните објавени податоци велат дека во последното деноноќие доијагностицирани се 25 нови случаи или за три повеќе од вчера, со што вкупниот број на инфицирани се зголеми на 609 лица.