Вјоса Османи од Демократскиот сојуз на Косово е избрана вечерва за нова претседателка на собранието на Косово, откако претходно беше избрана новата влада на чело со Албин Курти.
За неа гласаа 65 пратеници, а меѓу нив и пратениците од Српска листа.
Претходно на тоа место беше избран Глаук Конјуфца од Самоопределување, што доведе до нови застои во преговорите со ДСК за владината коалиција.
Врз основ на вчера постигнатиот договор за формирање влада на косовските институции, Конјуфца отстапи од функцијата и на негово место е избрана Османи, како претставник на ДСК, што и беше услов на партијата за формирање на коалиција.